Претседателот на Албанија и Врховен командат на вооружените сили Илир Мета, со указ, за нов Началник на Генералштабот на албанската армија го назначи бригадниот генерал Бардул Колчаку.

Во образложението на претседателскиот указ се наведува дека Колчаку има долга и богата кариера.

Дипломирал на Воената академија во Тирана во 1990 година, бил директор на Управата Ј5/8 во Генерал штабот, а во 2005 бил именуван за прв човек на Управата на агенцијата за разузнавање во армијата.

Колчаку обавувал и други високи функции во албанската армија, а во рамките на НАТО, последната негова функција била директор на Дивизјата за координирање и интеграција во генералната команда на Алијасата во периодот од 2013-2014 година. Во периодот од октомври 1996 до апрл 1997 година служел како воен набљудувач во мисијата на ОБСЕ во Грузија(UNOMIG).

Колчаку доаѓа на местото на Јеролим Базе, кого на оваа функција го назначи претходниот претседател, Бујар Нишани.

Бригаднот генерал Бардул Колаку е роден на 5 јули 1967 година во селото Пелуба, кај градот Берат, говори англиски јазик, оженет е и татко е на две возрасни деца.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2017 17:50