Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас утре ќе престојува во еднодневна посета на Скопје, соопшти денеска официјално грчкото МНР.
Во соопштението се вели дека Коѕиас ќе се сретне со неговиот колега Никола Димитров, по што ќе има проширени разговори, а потоа и заедничка изјава за медиумите.
- Тој потоа ќе биде примен од претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Владата Зоран Заев, и заменик-премиерот, одговорен за односи со ЕУ, Бујар Османи, и ќе се сретне со претставници на парламентарните партии, информира грчкото МНР.