Фудбалскиот клуб Вардар и фудбалерот Дамир Којашевиќ, се договорија за спогодбен раскин на договорот, со што црногорскиот интернационалец ќе може да бара нов клуб каде ќе ја продолжи кариерата.

Којашевиќ дојде во Вардар во јануарскиот преоден рок во 2016 година, и за нашиот тим забележа точно 50 настапи, на кои постигна 13 голови. Којашевиќ зад себе запиша 40 настапи во првенството, седум во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, и три во Купот на Македонија.

Вардар му се заблагодарува на Којашевиќ за заедничката соработка во овие 1,5 година, и му посакува многу успех во новиот клуб.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2017 10:09