Граѓанското здружение „Тврдокорни“, денска во Скопје протестираше против најавениот закон за двојазичност, населување на мигранти и побара да не се дели Македонија меѓу Бугарија и Грција.

„Тврдокорните“ со транспаренти „Слобода за патриотите, затвор за предавниците на Македонија“ побараа аболиција на како што велат „уставобранителите“, односно учесниците во насилниот упад во Собранието на 27 април.

Протестот започна со едноминутна молитва во дворот на Соборен храм по што пордолжи пред владата каде демонстрантите извадија црвени картони кои симоблично и ги покажаа на новата Влада за која велат дека лошо владее.

Организаторите најавија дека на 13 септември, кога ќе се носи законот за двојазичност, повторно ќе излезат на протест за да го искажат своето незадоволство.

Јанко Бачев од Народното движење на Македонија кој се обрати пред насобраните граѓани рече дека тие што упаднале во Парламентот не се терористи туку луѓе кои го бранеле Уставот и никој не влегол таму заради насилство против лидерот на СДСМ, Зоран Заев.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2017 20:45