Во рамки на посетата на Израел, македонска владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, денеска го посети Меморијалниот центар на Холокаустот во Ерусалим.

- Во име на сите граѓани на Македонија, во име на Владата но и во лично име премиерот Зоран Заев изрази почит кон загинатите граѓани и порача, никогаш да не се повтори, соопшти службата за информирање на Владата.

Претходно премиерот Заев имаше средба со израелскиот претседател Руевен Ривлин. За денеска се планирани и обраќања на Заев на Израелскиот совет за меѓународни односи, како и на Бизнис форумот чиј организатор во Ерусалим е Владата на Република Македонија.

Предвидено е утре претседателот на макеоднската Влада да се сретне со неговиот израелски колега Бенјамин Нетанјаху.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2017 01:31