Претседателот на македонската Влада Зоран Заев, денеска ја посети Градската општа болница „8 септеври“, која денеска го прослави својот патронен празник.

Премиерот во придружба на заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски присуствуваше на свеченоста, а имаше и куси разговори со раководството и стручниот персонал на болницата.

Во оваа прилика, како што соопшти владината прес-служба, било истакнато дека Владата целосно ги поддржува иницијативите за подигнување на стандардите во болниците што се најавени од страна на стручниот и раководниот тим.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2017 23:00