Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери упати честитка до граѓаните по повод 8 Септември – Денот на независноста.


Џафери: Македонија направи крупни чекори од нејзиното осамостојување

– Република Македонија денес одбележува 26 години од денот кога Македонците, Албанците, Ромите, Турците, Србите, Власите, Бошњаците и другите се определија за самостојна и независна држава, Република Македонија. Пред дваесет и шест години беа поставени стратешките цели на новата граѓанска држава во која при донесување на сите политички одлуки, секогаш во прв план ќе биде граѓанинот, неговите права и слободи, неговата стабилна сегашност и подобра иднина во Република Македонија а општеството беше дефинирано како мултиетничко, мултикултурно и мултиконфесионално, а евроатланската интеграција на Република Македонија стана приоритетна стратешката цел, се вели во честитката.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2017 23:12