Во Собранието на Република Македонија денеска ќе биде врачена државната награда „8 Септември“ која се доделува во две категории – за животно дело и признание за остварувања во областа на спортот.

Наградата за животно дело годинава ќе му биде доделена на Иван Кочовски, а признанија за остварувања во областа на спортот ќе добијат каратистот Петар Белистојановски, пливачот Александар Коцевски Џајо, ракометарот Ристо Магдинчев и кајакарот Ѓокица Николовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/09/2017 10:18