Учеството на тендери во Македонија е право на секое правно лице кое ќе докаже со документација и со референти проекти дека може да ја изврши работата. Тоа право ќе го користиме секогаш кога ќе може да понудиме квалитет со соодветна цена, соопшти денеска компанијата „Фероинвест“ во врска со реакциите во јавноста на нивното учество на тендерот на ЕЛЕМ за набавка на гумени траки за РЕК Битола.
Компанијата наведува дека во конзорциум со турската компанија Озербанд ќе учествува на јавното наддавање за тендерот на ЕЛЕМ. Оттаму посочуваат дека изминатите години учествувале на тендери каде можеле да понудат квалитет по соодветна цена, самостојно или со партнерска компанија.
- Целиот процес на работа на нашите компании е јавен и транспарентен, посебно кога станува збор за нашиот холдинг кој постои речиси две децении, информираат од компанијата нагласувајќи дека вицепремиерот Кочо Анѓушев не е дел од ниедна раководна позиција во овие компании.