Рафаел Надал ја освои својата 16-та Грен слем титула и трета на Отвореното првенство на САД, откако во финалето беше подобар од Кевин Андерсон во три сета, 6:3, 6:3, 6:4.
Шпанецот по триумфот во Ролан Гарос го освои и Отвореното првенство во САД, по што стигна до 16 Грен слем титули, само три помалку од Федерер кој има 19.
„Не ми треба таква мотивација. Отвореното првенство на САД само по себе е мотивација. Не мислам за тоа дали Федерер освоил два, четири или 24 турнири. Го следам мојот пат и тоа што ме мотивира е мојата кариера, а не кариерите на другите“, изјави Надал.
Американската тенисерка Слоун Стивенс го освои трофејот на Отвореното првенство на САД откако синоќа убедливо триумфираше со 2-0 во сетови над сонародничката Медисон Киз.
Стивенс, која не беше носителка на турнирот, е петтата тенисерка во историјата на Отвореното првенство на САД која стигна до трофејот, а пред стартот не беше ниту на пошироката листа на фаворитки.
Ова е прва титула во Грен слем во кариерата на Стивенс, а претходно на турнирот во Њујорк најдалеку стигна до четвртото коло во 2013 година.