Албанскиот Парлaмент, по маратонска речиси целодневна распарава, со 78 гласови „за“ и 51 „против“ утрово ја избра новата Влада, со старо новиот премиер, социјалистот Еди Рама.

Освен премиерот, Владата ја сочинуваат еден потпретседател, двајца државни секретар и 11 министри.

Потпретсадателка во Владата е Сенида Меси, додека Пандели Мајко и Сонила Ќатоа се државни секретари за дијаспора односно за заштита на претприемаштвото.

Старо нов шеф на дипломатијата ќе биде Дитмир Бушати, прв полицаец и понатаму ќе биде Фатмир Џафај, минисерка за одбрана Олта Џачка, за правда Етилда Ѓонај. На чело на Министерството за финансии, економија и труд ќе биде Арбен Ахметај, министер за образование и млади Линдита Никола, Министертвото за инфраструктура и енергетика ќе го раководи Дамиан Ѓикнури, за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу. На чело на секторот за земјоделство и рурален развој ќе биде Нико Пелеши, за туризам и животна средрина Бленди Клоси, додека секторот култура и понатаму ќе го раководи Мирела Кумбаро.

Во понеделнкот Рама ги презентраше приортетите на Владата за следните четири години со акцент на економијата, туризмот, праводуството и евроинеграцијата.

Тој вети намалување на јавнот долг, економски раст од пет проценти во третата година од владеењето, отворање 220.000 работни места, намалување на сиромаштијата. Премиерот најави и продолжување на реформите во правосудството, борбата против организраниот криминал, елиминирање на одгледување на мархуаната, право на глас на дијаспората, реализација на многу проекти во инфраструктурата.

Лидерот на опозициските демократи Љуљзим Баша упати остри критики, обвнувајќи ја владата „Рама 1“ дека во изминатите четири години не направила ништо туку само го зголемила јавниот долг, невработеноста, сиромаштијата и егзодусот на албанските граѓани.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/09/2017 10:46