Министерството за финансии на Македонија и Министерството за финансии на Холандија потпишаа Договор за меѓусебна соработка. Договорот е потпишан од министерот за финансии на Македонија, Драган Тевдовски и министерот за финансии на Холандија, Хероен Дајслблум.

Со овој Договор двете министерства ќе ја прошират соработката преку размена на знаења, искуства и информации за политиките што се спроведуваат. Со Договорот се предвидуваат програми за обуки, студиски престои, работилници и сл. Освен соработка преку пренесување know-how, Холандија преку Договорот ќе обезбеди и финансиска поддршка за обуки и други трошоци.

И двете страни ги истакнаа блиските билатерални односи помеѓу Македонија и Холандија, како и потребата од развој на соработката и на техничко ниво помеѓу министерствата за финансии на двете земји.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2017 13:13