Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон победи во хаотичната трка за Големата награда на Сингапур и ја зголеми предноста во генералниот пласман на 28 бодови пред Себастијан Фетел од Ферари.
Трката заврши после два часа откако на три пати поради разни инциденти на патеката излегуваше безбедносното возило.
Прв пат во историјата беше возена ноќна трка на дожд, а трката ја одбележи инцидент на почетокот кога се судрија возачите на Ферари Себастијан Фетел и Кими Раиконен и Макс Ферстапен од Ред бул.
По ова Хамилтон го презема водството кое го зачува до самиот крај и ја оствари 60-тата победа во кариерата, а седма во сезоната.
Второто место го освои Даниел Рикардо од Ред бул, а трет беше возачот на Мерцедес Валтери Ботас. Возачот на Торо росо Карсло Саинц заврши на четвртата позиција, петти беше Серхио Перес од Форс Индија, а шести Џолеон Палмер од Рено. Бодови освоија и Стофел Вандорн од Мекларен, Ленс Строл од Вилијамс, Роман Грожан од Хас и возачот на Форс Индија Естебан Окон.
Следната трка во шампионатот се вози на 1-ви октомври за Големата награда на Малезија.