Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа напредок од едно место на најновата ВТА ранг-листа на ВТА.

Дваесет и тригодишната Ѓорческа од денеска е рангирана на 212 место на ВТА листата.

Ѓорческа по одличниот старт на сезона и третото квалификациско коло на Австралија Опен, во последниот период бележи слаби резултати, а главна причина за тоа е нејзината незгодна повреда на ногата, која ја мачи веќе подолг период.

На врвот без промени. И натаму водечка е шпанската тенисерка Габриње Мугуруза која има 6.030 бода пред Романката, Симона Халеп која втората позиција заостанува само 71 бод, додека трета е Елина Свитолина од Украина.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2017 11:16