Српската ЛГБТ заедница денеска во Белград ќе оддржи геј парада на која ќе учествува и премиерката Ана Брнабиќ, пренесе ДПА.
Минатата година Брнабиќ, која не крие дека е лезбејка, исто така, учествуваше на геј парадата во Белград, но тогаш во својство на министер за државна администрација.
Брнабиќ од јуни годинава е премиер на српската Влада.
Претходните геј паради во српската престолнина останаа запаметени со насилствата по улиците, па затоа денешната парада се организира под строги безбедносни мерки.
Зоната за безбедност беше отворена за учесниците во 10 часот по локално време, два часа пред стартот на настанот.