Центарот за економски анализи во однос на препораките на Меѓународниот монетарен фонд за поефикасно собирање на ДДВ, укажува дека акцентот е ставен на ефикасноста на УЈП, а не на доначните стапки и даночната база.

Во насока на зголемена ефиканост на управување на ДДВ, Центарот предлага Законот за ДДВ да се прочисти, измени и дополи по претходна евалуација на сите измени и дополнувања направени во последните десетина години во овој закон.

ЦЕА посочува дека во однос на препораката од воведување буџет базиран на резултати, пресметките покажуваат дека очекуваните бенефити од воведување буџетирање по перформанси е во рангот од 13-40 проценти на бруто додадена вредност од БДП.

Центарот не се согласува со ММФ за повисок данок на имот и наведува дека и сега ЕЛС имаат можност да избираат од рангот на пропорционалните стапки од 0,1 до 0,2 отсто.

Според ЦЕА треба внимание да се посвети на структурата и квалитетот на децентрализацијата во РМ, а не на механичко зголемување на приходите преку повисоки даночни стапки и повисока даночна база.

За препораката нови давачки на ниво на ЕЛС во РМ, ЦЕА прдлага да се оцени потребата од оданочување на капитализирањето на личниот недвижен имот што доаѓа од подобрена инфраструктура која е резултат од инвестиција од ЕЛС. Во овој случај, според ЦЕА, би требало да се размисли за воедување т.н. Специјално оданочување.

ЦЕА предлага поефикасна имплементација на комуналната такса, а укажува и на потребата од транспарентно собирање и трошење на наменските локални даноци.

Во анализата наведува дека ЦЕА не се согласува со политиките кои водат кон одржливост на првиот пензиски солб, а се потпираат претежно на демографски подлоги и атрибути, бидејќи причините за неодржливоста на првиот пензиски солб во РМ не се пред се од демографска природа, движења и динамика. Од Центарот сметаат дека во таа насока ММФ треба да и укаже на Владата дека trickle-down економијата е неефикасна и гарантира нееднаквост.

– Улогата на секоја влада не е да вработува и да креира работни места, туку да креира амбиент за прептприемачите да креираат работни места. При исклучителни ситуации извршната власт може да дава импулси на пазарите за да ги стабилизира, но тие импулси во вид на субвенции треба да се од транзиторен карактер, а не трајна определба и да се оправдуваат низ политичкиот механизам на владеење бидејќи немаат никаква подлога во ефикасна пазарна економија. Евидентни се нееднаквоста која се креира во РМ и емигрирањето на населението. ММФ има обврска да укаже согласно нивните емпириски истражувања дека ако доходот за 20 проценти најбогати се зголеми тогаш БДП растот опаѓа на среден рок затоа што бенефитите не стигнуваат до најсиромашните. Спротивно на тоа, ако доходот на 20 проценти најсиромашни се зголеми тогаш тоа ќе биде придружено со повисок економски раст. Крајниот заклучок на самиот ММФ е дека сиромашните и средниот слој на населоението се најважни за економски раст не само преку економски канали, туку и преку општествени и политички канали, наведуваат во соопштението од ЦЕА.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2017 13:15