Блокирани се сметките на Фени индустри. Компанијата соопшти дека заради ниските цени на фероникелот на светските берзи, комбинатот се соочува со проблеми веќе две години.
Преговорите со една банка не дале резултат и таа побарала блокада на сметката.
Тоа е причина што сега Фени има проблем со дневните плаќања кон другите добавувачи. Компанијата известува дека некои од нив покренале извршни постапки заради што опремата не може да се продава, но е во функцијата и производствто тече.
Напоменуваме дека досега платите на сите вработени се исплаќаа редовно и сметаме дека работењето на компанијата и егзистенцијата на вработените се уште не се доведени во прашање, стои во соопштението од Фени индустри.