Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека Косово до крајот на годината ќе има своја војска и оти никој нема да може тоа да го блокира.

– Со планот А или со планот Б, Косово до крајот на оваа година ќе има своја војска – изјави Тачи.

Тачи даде интервју за РТВ21, дадено за време на неговиот престој во Њујорк.

– Сега работиме со сите институции за тоа прашање. Ние ќе ги исполниме сите обврски кои ги презедовме пред меѓународната заедница за овој процес да се заврши преку уставни измени рече Тачи.

Тој рече дека нема да дозволи никому да стави вето на овој процес.

-Сите прашања ќе бидат спроведени во соработка со меѓународните организации – вели Тачи.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2017 18:03