„Опозициската ВМРО ДПМНЕ и одредени медиуми шират невистини и неточни информации за работата на Друштвото МХЕ Тополки служејќи се со фотографии од хидроелектрана која има правосилно одобрение за градење од април 2017, потпишано од тогашниот Министер за транспорт и врски Мисајловски во Владата предводена од ВМРО ДМПНЕ.

Опозициската ДПМНЕ на крајно неморален начин се служи со очигледни манипулации кон јавноста со цел искривување на реалната слика прикажувајќи фотографии од сосема друга мала хидроелектрана. Фотографиите од терен кои се приложени во истиот текст се од МХЕ Тополка 317 за која е добиено правосилно одобрение за градење од 13.04.2017 година односно пред 5 месеци. Почитувајќи ги законските постапки, МХЕ Тополки ДОО на 20.04.2017 сите државни институции и инспекторати ги извести за започнувањето на изградбата на МХЕ Тополка 317.

Друштвото МХЕ Тополки, работи соодветно на обврските и според динамиката одредени во Концесискиот договор потпишан со Владата, предводена од ВМРО ДПМНЕ уште во 2015 година.

На македонската јавност и се одамна познати методите на ДПМНЕ за дискредитација на Македонските компании. Ние како фирма, сме само една од многуте македонски компании кои последниве месеци јавно говорат за репресиите и проблемите што ги имале со претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ. Секое понатамошно ширење невистини и неосновани обвинувања за Друштвото МХЕ Тополки ќе покренеме соодветни судски постапки“ се вели во реакцијата на Друштвото МХЕ ТОПОЛКИ.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2017 21:21