Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека Лигата на шампионите стана досадна за разлика од порано.

Французинот критички се осврна најмногу на групната фаза на турнирот, која според него не предизвикува истите емоции кај навивачите, како пред години.

– Мислам дека веќе во групната фаза на турнирот речиси нема интересни натпревари. Најмногу по еден-два дуела се интересни за гледање. Овие натпревари се претворија во рутина. Само погледнете публиката. Турнирот загуби на атракција, изјави Венгер.

Предводникот на Арсенал во својата тренерска кариера има речиси 200 натпревари во „елитата“, но оваа година неговиот клуб не се квалификува во ЛШ, првпат по 19 години.

Сепак „топчиите“ настапуваат на евро-сцената, како дел од второто по квалитет натпреварување, Лигата на Европа. Во четвртокот имаат гостување во Белорусија кај БАТЕ Борисов.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2017 12:42