Ако може да им се верува на шпанските извори, сопствениците на ПСЖ му понудиле на Единсон Кавани еден милион евра ако дозволи пеналот да го изведе Нејмар. Кавани ја одбил таа понуда.

По целата сага која настана по расправијата меѓу Единсон Кавани и Нејмар околу тоа кој ќе го изведе пеналот, шпанскиот весник „Ел Паис“ пишува дека сопствениците на францускиот клуб на Кавани му понудиле милион евра ако му го препушти на Нејмар изведувањето на пеналите.

Толку всушност изнесува бонусот кој би го добил Кавани ако биде најдобар стрелец на клубот оваа сезона. Кавани наводно ја одбил понудата.

Насер Ал-Келаифи, претседателот на ПСЖ, наводно претходните седум дена ги поминал во преговори со претставниците на Кавани за тој да му дозволи на Нејмар да ги изведува пеналите.

Унаи Емери по целото недоразбирање, на играчите им рекол меѓусебно да го решат недоразбирањето и, што се однесува до него, јасно е дека прв изведувач е Кавани, како што беше тоа случај и пред да дојде Нејмар.

Целата ситуација од ден на ден станува сè поапсурдна.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2017 15:17