Туризмот е третата најголема извозна гранка и Македонија треба да го искористи овој тренд и да најде начини за привлекување на што поголем број туристи, рече денеска заменик-министерот за економија, Кире Наумов, на доделувањето ги традиционалните награди на најдобрите хотелиери, угостители и туристички агенции по повод Светскиот ден на туризмот.

Наумов додаде дека минатата година на светско ниво меѓународните граници ги поминале една милјарда и 200 милиони патици, а очекувањата се дека до 2030 година оваа бројка ќе надмине една милјарда и 800 милиони патници.

– Предизвикот пред нас е да најдеме начин за привлекување на што поголем број туристи да ја посетат нашата држава и да ја искористиме оваа глобална сила во функција на нашиот развој – рече Наумов.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/09/2017 19:59