Министерството за финансии, денеска, по основ на доспеани петгодишни државни обврзници издадени во 2012 година, отплати вкупно 491 милион денари.
– Со оглед на намалената фреквенција на аукции на државни хартии од вредност, во текот на оваа недела не беа издадени нови хартии од вредност, односно нето-долгот по основ на државни хартии од вредност е намален за осум милиони евра, информираат од Министерството за финансии.