Дваесет и четиригодишниот Рафаел Варан досега со клубот од Мадрид освои два трофеи во Примера лигата, еден на Кралскиот куп, два на Суперкупот на Шпанија.

Францускиот фудбалер Рафаел Варан вчера го продолжи договорот со Реал од Мадрид до 30-ти јуни 2022 година. Варан во Реал дојде во 2011 година од Ленс.

Дваесет и четиригодишниот Рафаел Варан досега со клубот од Мадрид освои два трофеи во Примера лигата, еден на Кралскиот куп, два на Суперкупот на Шпанија. Три пати го подигна трофејот на Лигата на шампионите, три пати го освои и Суперкупот на УЕФА, а два пати Светското клупско првенство.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2017 14:22