Индустриското производство во периодот јануари – август 2017 година, во однос на истиот период лани, бележи мал пад од 0,01 отсто, објави Државниот завод за статистика. Во август, тоа намалување изнесува 5,3 проценти во однос на истиот месец лани.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во август во однос на истиот месец лани бележи намалување од 6,1 отсто, во секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 8 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 28,1 отсто.
Намалувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сè, на намаленото производство на прехранбени производи, производството на тутунски производи, производството на текстил, производството на облека, производството на производи од гума и производи од пластични маси и др.
Според главните индустриски групи, производството во август 2017 година во однос на август лани бележи пораст кај енергија за 19 проценти.