Во трговијата на мало, во август годинава, во споредба со август 2016 година, зголемување на прометот е забележано во трговијата со храна, пијалаци и тутун номинално за 9,8 отсто, а реално за 7,9 отсто и Трговија на мало со автомобилски горива номинално за 7,4 отсто, а реално за 11,1 отсто, а во групата Трговија на мало, освен трговија со горива, прометот e номинално зголемен за 0,4 отсто, а реално е намален за 0,5 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво номинално за 7,2 отсто, а реално за 6,8 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2017 01:19