Министерството за транспорт и врски денеска изврши прелиминарна распределба на нови или за промена на постоечки автобуски линии за 2017 година.
Врз основа на прелиминарната распределба, од вкупно поднесените 27 апликации за меѓуопштински превоз на патници одобрени се 14, една е делумно одобрена, а 12 се одбиени. За меѓународен превоз на патници, пак, од доставените 51 апликација се одобрени 28, три се делумно одобрени, а 20 се одбиени.
– Распределбата на автобуски линии се врши врз основа на критериуми утврдени во Законот за превоз во патниот сообраќај и подзаконските акти, се вели во сооопштението од Министерството за транспорт и врски.
Целосните информации за прелиминарната распределна на линиите се достапни на веб страната на Министерството за транспорт и врски www.mtc.gov.mk.