Стапката на раст на Бруто домашниот производ за 2016 година изнесува 2,9 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци бруто-домашниот производ во 2016 година изнесува 598.881 милиони денари и во однос на 2015 година е номинално зголемен за 7,1 процент.

Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2016 година имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 18,7 отсто.

Финалната потрошувачка во 2016 година, во однос на 2015 година, номинално расте за 2,6 отсто, а во структурата на БДП учествува со 82,1 отсто.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2016 година изнесува 50 отсто.

Номиналниот пораст на вредноста на инвестициите во основни средства во 2016, во однос на 2015 година, изнесува 7,7 отсто.

Во техничката структурата на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 62,7 отсто, машините и опремата со 30,1 отсто, а останатите инвестиции со 7,2 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2017 02:37