Бенџамин Менди, фудбалерот на Манчестер сити, во четвртокот изјави дека долго ќе отсуствува од теренот бидејќи ги скинал лигаментите.

Менди ова лето од Монако направи трансфер во Сити како големо засилување на левата страна, но сега Пеп Гвардиола ќе мора да побара друго решение.

„Лоши вести. Ќе им се придружам на повредените играчи на неколку месеци бидејќи ги скинав лигаментите на коленото. Но, се надевам дека наскоро ќе се вратам уште посилен“, изјави Менди на неговиот профил на „Твитер“.

Менди се повреди во дуелот со Кристал палас, а како што соопшти Сити, операцијата ќе му биде извршена во Барселона.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2017 16:40