Стопанската комора на Македонија денеска ќе презентира предлог - иницијативи за подобра бизнис регулатива.
Иницијативите се резултат на одржаните 18 информативни настани со компаниите на кои се идентификувани 65 барања за усогласување, промена или имплементација на одредени регулативи во државата.
Информативните настани се реализирани во рамки на УСАИД проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“.
На прес-конференцијата ќе присуствуваат Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија и проект менаџер во рамки на Комората за УСАИД проектот и Павлина Димовска, адвокат и советник за регулатива во рамки на УСАИД проектот.