Директните грчки инвестиции во Република Македонија во првите шест месеци од годината изнесуваат 2,86 милиони евра. Со овие податоци, Грција се најде на седмото место меѓу странските инвеститори во државата, објави Нафтемборики.
Весникот наведува дека податоците ги обезбедиле Бирото за врски и Бирото за трговско-економски прашања на Грција во Република Мекедонија.
Во написот се нагласува дека грчките инвестиции во Македонија во првата половина од 2017 година се поголеми во однос на минатата година.
Во 2016 година вкупната сума на инвестиции била 0,96 милиони евра. На прво место на странски инвестиции во Македонија е Австрија со 27,3 милиони евра, наведува весникот Нефтемборики.