Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека ставот на Европската комисија оти референдумот за независност на Каталонија е нелегален, е најдобар пример за двојните аршини и лицемерито на светската политика.

- И што кога сега јас ќе одам во Брисел? Кое прашање да го поставам? Како да им кажам `А зошто ние Србите бевме најлошо третирани`? Како тоа во Каталонија не важи референдумот, а Косово може и без референдум?, праша Вучиќ на заедничката прес-конференција со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.

Вучиќ додаде дека и покрај се, Србија ја гледа во ЕУ и поради типот на општеството на кое сака да припаѓа и поради подобрата економија.

- Си играа со судбините на државите кога ги прекројуваа границите на Балканот, а денес не им е до игра, кога мечката тропна на нивна врата. Сега ситуацијата е многу сериозна, истакна Вучиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2017 13:15