Стопанските комори во соработка со УСАИД спроведуваат проект „Партнерство за подобра бизнис-регулатива“, со кој на компаниите им се помага полесно да ги имплементираат законите што се однесуваат на нивното работење.

Честите законски измени изминатите години им создваа проблеми при работењето, а покрај тоа компаниите детектирале 60 проблеми при примената на одредени закони, изјави денеска Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанска комора на Македонија.

Покрај проблемите детектирани при примената за Законот за работни односи, даноците, животната средина, компаниите упатиле забелешки и на работењето на царинските работници, па оттука бараат етички кодекс за нив.

– Компаниите детектирале непрофесионален однос кај дел од царинските службеници, односно субјективно и различно толкување на законите. Оттука, бараат етички кодекс за нивната работа. Исто така, во поглед на царината, тие бараат царински олеснувања за малите и средни претпријатија, намалување на глобите доколку се утврдат грешки при царинењето кои некогаш се и од технички карактер – изјави Павлина Димовска, правен советник за регулатива во рамките на УСАИД.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/10/2017 13:40