Грција го поддржува приклучувањето на „поранешната југословенска република Македонија“ во ЕУ, но со почитување на европските принципи, изјави денеска грчкиот претседател Прокопис Павлопулос на заедничката прес-конференција со српскиот претседател Алекснадар Вучиќ по денешната средба во Белград.
- Ако државата користи име што ја фалисфикува историјата, тоа не е во согласност со европските принципи. Не е прифатливо државата да каже - сакаме да влеземе во ЕУ, но ги оспоруваме границите. Тоа повлекува иредентизам и сама си ја поткопува европската перспектива, а Грција тоа не може да го поддржи, изјави Павлопулос.
Тоа, како што наведе, се однесува и на Албанија, која исто така, мора да ги почитува европските вредности ако сака да влезе во ЕУ.
Павлопулос рече дека Грција, кога се работи за европскиот пат на балканските држави, позитивно гледа на нивното приклучување во ЕУ, но под одредени услови. – Сакаме државите од Балканскиот полуостров да бидат во Унијата за да создадеме југоисточен крак во ЕУ еднаков со останатиот дел од Унијата, рече грчкиот претседател. Визијата на Грција за ЕУ е дека ЕУ треба да опстане и да биде обединета. – Европа треба да биде федерација заснована на демократски принципи која одговара на моделот на репрезент на демократија, солидарност и почитување на човековите права, рече претседателот на Грција.