Европскиот Парламент денеска го поддржа Предлогот од Советот на ЕУ за делумен пристап до базата на Шенген за Бугарија и Романија.
Откако ќе се гласа во Советот, одлуката ќе овозможи двете држави да проверуваат информации во визниот систем без да може да внесуваат или изменуваат податоци, јави БТА.
Одлуката на ЕП не е директно поврзана со примањето на Бугарија и на Романија во Шенген.
Во 2011 година Советот на ЕУ донесе одлука со која се потврдува дека двете држави ги исполниле сите услови за да станат дел од Шенгенскиот договор. За да станат членки потребен е консензус во Советот.