Повратот на ДДВ сериозно се исплаќа во фримите се вбризгува ликвидност, а при тоа нема фаворизирани фирми при исплата од трезорот, порача министерот за финансии Драган Тевдовски на средбата со компаниите од делчевскиот регион.

– Главно нешто во овие неколку месеци е ослободувањето на деловната клима, да нема политички стеги и притисоци, и во целиот овој период, повратот на ДДВ сериозно се исплаќа, нема фаворизирани фирми во трезорот и многу повеќе е вратено кај фирмите како поврат на ДДВ, значи во фирмите се вбризгуваат со ликвидност, рече Тевдоски.

На средбата во врска со зголемувањето на минималната плата, Тевдоски истакна дека државата има определено 90 милиони денари месечна поддршка за претпријатијата за зголемување на минималната плата, а ваква алатка има во 2/3 од земјите на ЕУ.

– Ако сакаме во Макеоднија да останат младите, платите мора да расатат. Товарот на зголемувањето на платата, еден период ќе го понесе и Владата со цел луѓето што работат да бидат сигурни и безбедни. Решението што е предложено го подобрува мерењето на учинкот, од една страна, нормата треба да е остварлива и да ја остваруваат најмалку 80%, од друга страна значи дека работникот треба да ја исполни за да зема поголема плата. Клучно е дека платите мора да растат за луѓето да имаат за живеачка, истакна Тевдоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2017 09:45