Официјална Приштина сериозно ја разгледува можноста да се откаже од барањето за членство во УНЕСКО како јасен сигнал до Србија дека Косово го помага процесот на дијалог, изјави косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли во интервју за Дојче веле.
– Ние направивме многу отстапки, не поради сопственото незнаење, туку за да и помогнеме на Србија да дојде до помирување и тоа не треба да се заборави. Дури и нашата одлука да се повлечеме пред потврдата за прием во Интерпол е јасен показател дека помагаме на процесот на дијалог. Ние сега сериозно ја разгледуваме можноста да не бараме членство во УНЕСКО, истакна Пацоли.