Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој денеска пристигнува на дводневна официјална посета на Србија, заедно со својата голема делегација, составена од 185 бизнисмени и осум турски министри, ќе биде штитен од најмалку 50 лични телохранители.

За време на посетата во Србија ќе биде применета екстремна мерка на безбедност, односно покај неговото лично обезбедување, за турскиот претседател ќе се грижат и 3.000 српски полицајци.

– Станува збор за врвни специјалисти. Тие се дел од личното обезбедување на Ердоган, буквално е невозможно да се помине покрај нив, наведуваат српските медиуми.

Анкара пред десетина денови испрати стручни лица во Србија, со цел да ги проверат сите локации, каде ќе помине турскиот претседател.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2017 08:08