Трошоците на животот и цените на мало во септември останале на исто ниво како претходниот месец, а во споредба со истиот месец од лани трошоците бележат пораст од 1,7 отсто, а цените на мало пораст од 4,1 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември годинава е забележан пораст на трошоците на животот во споредба со претходниот месец, кај свежиот и замрзнат зеленчук освен компир за 2,3 отсто, млекото за 1,5, другите преработки од месо за 1,2, сушеното, соленото и чаденото месо за 0,9, изнутриците и јогуртот за 0,7, јајцата за 0,6, алкохолните пијалаци за 0,5, другите пекарски производи, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,3 и безалкохолните пијалаци за 0,2 отсто.

Пораст на трошоците на животот има и кај гасот за домаќинствата за 4,1 отсто, течните горива за домаќинствата и течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 2,4, информатичката опрема за 1,9, теписите и другите покривки за под за 1,3, цврстите горива за домаќинствата за 1,2, малите електрични апарати за домаќинствата, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1,1, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа, ветеринарните и другите услуги за домашни миленици за еден, дискови, касети, дискети, ЦД, филмови за 0,8, градините, растенијата и цвеќињата за 0,5 и големите електрични апарати за домаќинствата, резервните делови и опремата за сопстевен превоз за 0,4 отсто.

Намалување на трошоците на животот, пак, има кај сувото овошје и јаткастите производи за седум отсто, другите прехранбени производи за 1,2, сушениот зеленчук, друг конзервиран и преработен зеленчук и компирот за 1,1, оризот за 0,6, брашното и другите жита за 0,5, рибата и морските плодови, свежото и разладеното овошје за 0,4, сирењето и урдата за 0,2 отсто.

Намалување на трошоците на животот е забележано и кај болничките услуги за 9,1 отсто, услугите за сместување за 4,6, авионскиот превоз на патници за 3,1, туристичките пакет- аранжмани за 1,3, предметите за лична хигиена и здравје за 1,2, алатите и опремата за куќа и градина, услугите за лична хигиена за 0,9, обувките за 0,5, мебелот за домаќинствата, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 0,3, облеката, поправките на мебел, покуќнината и покривките за под, накитот и часовниците за 0,2 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2017 11:52