Новосадскиот фестивал Еxit кој во јули се одржа по 18-ти пат, досега на српската економија и донел повеќе од 150 милиони евра, се вели во резултати на анлиза на ТИМ Центар од Нови Сад.

Оваа година е регистриран рекорд од преку 215 илјади посетители од преку 60 држави. Меѓу гостите предничат од поранешна Југославија (23,2 отсто) од држави од Запдна Европа (21,6 отсто), потоа следат од ЈИЕ (14,2).

Константно расте и бројот на туристи вон европскиот континет и оваа година таа цифра е зголемен за една третина односно 6,3 отсто од вкупниот број. Тие најмногу трошат по лице – преку 600 евра. Следат од Западна Европа – 532 евра.

Од анкетираните, две третини во Нови Сад дошле поради фестивалот. Дури 50,8 отсто велат дека поради Еxit им се поправило мислењето за Нови Сад. Просечната старост на публиката на Exit фестивалот е 25,6 години.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/10/2017 22:06