Актуелниот европски шаховски првак Алкалоид ја оствари и втората победа на Европскиот клупски куп што се одржува во Анталија. Во рамките од 3.коло шахистите на Алкалоид забележаа убедлива победа над норвешкиот тим Валеренг со максимални 6-0 .

Предводејќи ги белите фигури, победи остварија, Лирен Динг, Дмитри Андреикин и Дмитри Јаковенко. Иако играа со црни фигури, Павел Ељанов, Јангји Ју и Јуриј Криворучко, немаа проблеми за забележат триумфи над своите противници.

И вториот македонски претставник Гамбит Асеко оствари победа со 3,5-2,5 против израелската екипа Макаби.

Цел поен (победа) донесоа Марјан Митков и Дејан Димев на петата и шестата табла, додека Петар Г. Арнаудов, Богдан Подлески и Орце Данчевски освоија по половина поен играјќи реми. Единствениот пораз го претрпе Никола Николовски и тоа предводејќи во дуелот против Загорскис.

По три одиграни кола Гамбит Асеко заедно со тимот на Олдар Јурди со по 13,5 поени се на делба на второто и третото место, додека Алкалоид кој досега собра 12 бодови е деветто пласиран.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/10/2017 22:17