Арјен Робен постигна два гола во последниот натпревар во дресот на холандската репрезентација. Холандија синоќа ја победи Шведска со 2:0, недоволно да обезбеди бараж за Светското првенство 2018, бидејќи и требаше победа со седум голови разлика.

Робен со солзи во очите ја пееше химната на неговата земја.

Тој одигра 96 натпревари за Холандија и постигна 37 гола.

Играше во финалето на Светското првенство 2010 во Јужна Африка, а четири години подоцна во Бразил, со „лалињата“ го освои третото место.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/10/2017 22:24