За првпат во историјата на Светските фудбалски шампионати пласман обезбеди репрезентацијата на Панама која ноќеска на домашен терен ја победи Костарика со 2:1.

Триумфот панамските репрезентативци го изборија со пресврт во второто полувреме, откако по првиот дел губеа со 1:0.

Двата гола, од кои првиот беше спорен ги постигна Роман Торес.

Победата на Панама значи и прво неучество на САД на Мундијалите по 32 години континуитет. САД загубија од Тринидад и Тобаго со 2:1 и останаа без СП.

Преку квалификациите во Северна и Централна Америка учество на планетарниот собир во Русија 2018 изборија Мексико, Костарика и Панама, додека Хондурас ќе игра бараж.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/10/2017 22:28