Актуелниот европски шаховски првак тимот на Алкалоид забележа нова убедлива победа на Европскиот клупски куп што се одржува во Анталија.

Во рамките од 5.коло шахистите на Алкалоид славеа победа против италијанската екипа Обиетиво Падова со 5,4-0,5.

Освен Дмитри Јаковенко, кој одигра реми против Валсеки, полн поен, односно победи остварија: Лирен Динг, Дмитри Андреикин, Јангји Ју, Јуриј Криворучко и Павел Ељанов.

Вториот македонски претставник Гамбит Асеко е поразен со 1-5 во мечот против Баја Маре од Романија. Единствената победа ја оствари Дејан Динев, кој на шестата табла со бели фигури го совлада Попески. Порази претрпеа: Петар Г. Арнаудов, Никола Николовски, Орце Данчевски и Марјан Митков.

По пет одиграни кола Алкалоид сега е на третото место на табелата со 23,5 поени



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2017 09:08