Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во третото тримесечје од 2017 година е зголемен за 0.4 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а за 0.9 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2016 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Eкономската состојба на деловните субјекти во третото тримесечје од 2017 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, како и во однос на третиот квартал од 2016 година. Се очекува дека ќе биде поповолна во наредните две тримесечја.

Количеството на залихите е намалено во однос на претходното тримесечје.

Финансиската состојба во третото тримесечје од 2017 година е понеповолна во однос на второто тримесечје. Оценката за очекуваните порачки за наредниот период и очекувањата за бројот на вработените е дека тие ќе се намалат.

Продажните цени во третото тримесечје од 2017 година се зголемиле во однос на второто, а се очекува нивно зголемување и во наредните три месеци.

Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на второто тримесечје од 2017 година имале: слабата побарувачка од купувачите со 22,6%, зголемената конкуренција на пазарот со 21,2%, нема ограничувања со 13,2% и зголемената понуда на пазарот со 12,6%.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2017 13:12