Прометот во индустријата во август годинава во однос на август лани е поголем за 4,6 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар бележи пад од од 5,2%, а на странски пазари пораст од 7,5%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење камен во август 2017 година, во однос на август 2016 година, бележи пораст од 15,3%, а во секторот Преработувачка индустрија од 4,2%.
Според главните индустриски групи, прометот во август 2017 година, во однос на август 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,1%, Капитални производи за 10,9% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,4%, додека опаѓање има кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,2%.
Прометот во индустријата во август 2017 во однос на претходниот месец е поголем за 2,4 отсто, додека во периодот јануари-август годинава во споредба со првите осум месеци од минататa година за седум проценти.