Политичката нестабилност влијаеше за намалениот економски раст, но многу е важно дека со формирањето на Владата имаме политичка стабилизација на состојбата и има закрепнување на инвестициската активност, оцени министерот за финансии Драган Тевдовски во изјава за Гласот на Америка на Македонски, за време на Годишните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон.

- Нашите проекции се совпаѓаат со меѓународните финансиски институции. Македонската економија ќе закрепне и ќе оди напред. Посветеноста кон спроведување на реформите и евроаталнските интеграции на среден рок ќе го интензивираат растот. Со разрешување на политичката криза ќе се стабилизира инвестициската активност, истакнува Тевдовски.

Гувернерот на Народната банка на РМ Димитар Богов, кој исто така присуствува на Годишните средби во Вашингтон во интервју за Гласот на Америка оцени дека политичка стабилизација и добри економски политики може да ја вратат Македонија на солиден тренд на раст.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2017 00:48