Марк Маркес, возачот на Репсол Хонда, му честиташе на Андреј Довициозо за триумфот на трката за Големата награда на Јапонија вчера утрото.
Италијанецот во дуелот меѓу двајцата најдобри возачи оваа сезона ја однесе победата во последната трка и го направи финишот на сезоната во Мото ГП возбудлив.
На четири трки пред крајот, Маркес има 224, а Довициозо 208 бодови.
„Се обидував сè до последната кривина. Трката беше фантастична со двајца кандидати за титулата во борба за триумфот. На патеката имаше многу вода и од некои причини имав премногу проблеми од обично. Се обидував да бидам агресивен, но Андреа беше брз во текот на целата трка“, изјави Маркес и потоа даде коментар за последниот круг.
„Имав мала предност, но направив грешка и ме стигна. Беше силен во сопирањето и јас тоа не можев да го следам. Се обидов во последната кривина, но не беше можно“, додаде Маркес.
Шпанецот му даде признание на неговиот ривал.
„Тој извози неверојатна трка, но и јас сум задоволен од резултатот, бидејќи очекував дека овде ќе биде брзо. Добивме доста бодовии на публиката и прикажавме добро шоу“.
Следната трка се вози во Австралија.