Ноќеска околу 02:50 часот во Скопје на ул.„Тодор Чангов“ опожарено е патничко моторно возило „Ланчиа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С. Н.(40).

Како што соопшти МВР, причините за пожарот не се познати.

Пожарот бил локализиран околу 03:30 часот утринава од страна на Бригада за протипожарна заштита.

На социјалните мрежи сопственикот на автомобилот, пак, објави дека се работи за одмазда на симпатизер на политичка опција различна од онаа на сопственикот на автомобилот.

„Е ова се вика живот во Македонија, вака ли ќе имаме слобода. Запалена ми е колата од страна на СДСМ активист“, пишува сопственикот на возилото на социјалната мрежа Фејсбук.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2017 12:02