Вкупната вредност на синдикалната кошница во август изнесувала 32.316 денари. Од нив, за храна и комуналии граѓаните од семејниот буџет одвојувале 23.871 денар, покажуваат податоците за вредноста на синдикалната минимална кошница што ги објавува Сојузот на синдикати на Македонија.
За храна во август се одвојувале 13.422 денари, за комунални трошоци 8.253 денари, а за опрема за куќа и одржување 2,197 денари.
Според синдикалната кошница, одржувањето на личната хигиена во август чинело 980 денари, а одржувањето на хигиената во домот 1.244 денари. За превоз, месечно граѓаните трошеле 2.340 денари, а за облека и обувки 2.129 денари.
Најмалку пари од семејниот буџет се одвојува за одржување на здравјето, односно околу 680 денари, како и за посета на културни манифестации, околу 1.070 денари.